СДСМ објави разговори во кои се вклучени министрите Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Зоран Ставрески и други неидентификувани соговорници кои укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ на некој од последните избори циклуси на дело спроведувал изборен фалсификат со вештачки населени лица и гласање во име на починати лица.
Инаку, од овие разговори се дознава дека пратеникот Амди Бајрам ги победил конкурентите во Шутооризари со тоа што испратил луѓе да гласаат и за починатите лица, кои не биле исчистени од избирачкиот список.
Потоа, Јанкуловска на Ставревски му вели дека во Куманово нема победа без албанските гласови, но најголемата владејачка партија ќе проба со приговори да поништи гласање на одредени места, за што всушност независно, врз основа на закон, треба да одлучуваат Државната изборна комисија и Управниот суд.
На крајот, станува збор за цели 300 непостоечки семејства, кои фигурираат во општина каде партијата има послаб рејтинг, па тие треба да им бидат дополнително засилување.