Во повеќето аудио- снимки што ги објави СДСМ, може да се слушне што мислат министрите за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и првиот финансиер Зоран Ставрески за своите колеги, соопартијци и пратеници. Според објавените снимки може да се забележи какви вулгарни и недолични зборови употребуваат министрите на смета на своите колеги.
Плејадата навреди почна врз првиот човек во здравството Никола Тодоров, кој според нив не бил способен да си ја врши работата како што треба, така што тој во здравството направил најмногу стратешки грешки, ито како и во образованието. Според Јанкулоска и Ставрески, секторот здравство има најмногу проблеми и тоа не е проблем само на министрите, туку на целата влада. Подоцна, во аудио-снимките навредите продолжија на сметка на вицепремиерот Владимир Пешевски, кој според Ставрески е „Хипо“, куп месо, ѓубре дебело, грдотија, додека пак, Миле Јанакиески е само лоша копија на Груевски.