Разговор меѓу Јанкулоска и Протогер: Милошоски гради куќа во медитерански стил

by Фокус

Во еден од разговорите што ги објави претседателот на ОО СДСМ во Штип, Влатко Милошев можеше да се слушне и телефонски разговор меѓу првата полицајка Гордана Јанкулоска и шефот на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протоѓер.

Според објавените аудио-0снимки, Протоѓер објаснува дека пратеникот Антонио Милошоски гради куќа во медитерански стил, но и двајцата се чудат зошто крие за изградбата.

Од друга страна, пратеничката од Струмица, Силвана Бонева станува мета на напад затоа што искоментирала дека ѕидот на новоизградениот театар е со стиропор, крив и може да падне во секое време.

Поврзани новости