448
Во еден од разговорите што ги објави претседателот на ОО СДСМ во Штип, Влатко Милошев можеше да се слушне и телефонски разговор меѓу првата полицајка Гордана Јанкулоска и шефот на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протоѓер.
Според објавените аудио-0снимки, Протоѓер објаснува дека пратеникот Антонио Милошоски гради куќа во медитерански стил, но и двајцата се чудат зошто крие за изградбата.
Од друга страна, пратеничката од Струмица, Силвана Бонева станува мета на напад затоа што искоментирала дека ѕидот на новоизградениот театар е со стиропор, крив и може да падне во секое време.