Разговор меѓу Јанкулоска и Мијалков: Местење на судии, партиски кадри

by Фокус

Во вториот сет разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев прикажани се три разговори меѓу судијката Александра Зафировска, првата полицајка Гордана Јанкулоска и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Во објавените аудио снимки, тие се договараат за местење судии во Основниот суд Скопје 1, Основен суд Скопје 2 и за во Судски совет.

Во еден од разговорите Јанкулоска му објаснува на Мијалков дека судиите ги запишува по бројче во тефтер и објаснува кој ги предложил. Исто така, тврдат дека премиерот Никола Груевски барал да се распише оглас за двајца судии, за претседател на Основен суд 1 и за Кратово. Во разговорот меѓу Мијалков и Јанкулоска, тие тврдат дека во Судскиот совет се ставени само партиски кадри.

– Дај да ги избереме, сакаме да се наши, тие мора да се од Академија. Тоа што претходно сме правеле, веќе не проаѓа – вели Јанкулоска.

 

 

Поврзани новости