492
На денешната прес-конференција на СДСМ, беше објавен и разговор меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Мартин Протогер, шеф на кабинет на премиерот Никола Груевски. Разговорот следува по апсењето на Љубе Бошкоски, во случајот „Кампања“, во кој Јанкулоска, според презентираната снимка, истакнува дека треба да се избркаат од работа сите оние кои му биле блиски на Бошкоски.
-Нема да работат во МВР, нема никаде да работат. Биле на листи на Љубе, а работат во државни фирми, е не може бе така. Треба да им се отчита лекција. Не може бе да седат на прес конференција на СДСМ, а да работат во државни институции. Треба да ги исчистиме, му вели Јанкулоска на Протoгер.