Заев: Власта сака да ги сотре сите кои не се „нивни“!

by Фокус

Никола Груевски, Сашо Мијалков ги окупираа животите на граѓаните со прислушувањето, ги злоупотребуваат институциите за да ги стават во затвор противниците и преку медиумската контрола конструираат сценарија и филмови од реалноста.

Ова го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на крајот на прес-конференцијата, на која ја објави третата политичка бомба, главно поврзана со политички монтираното апсење на Љубе Бошкоски и медиумската обработка на овој настан.

– Се потврди дека целта на апсењето на Бошкоски е да му ја преземат партијата и, како што самите велат, да ги сотрат сите кои не се нивни – рече Заев.

Поврзани новости