Разговор: Јанакиевски и Бришковска договараат кражба на избирачки материјал

by Фокус

Заменичката министерка за правда Билјана Бришкоска Бошковска и министерот Миле Јанакиевски на една од снимките договараат како да ги украдат избирачките списоци за општина Центар за да видат кој гласал а кој не во првиот круг за потоа да им се изврши притисок да излезат во втор круг на гласање.

Бришковска посочува лице кое го нарекува „морон“ дека работи во Центар и дека преку притисок врз него може да се обезбеди материјалот. Јанакиевски ја уверува дека ќе се обиде да ја заврши работата.

Поврзани новости