Разговор број 3: Јанкуловска ургира кај Марко да се реши пријавата против Ставревски

by Фокус

Третиот разговор што го објави лидерот на СДСМ Зоран Заев опфаќа комуникација во која министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го информира министерот за финансии Зоран Ставревски дека добила информација од Марко дека задачата што му ја дала во врска со кривична пријава против Ставревски е завршена.

– Му спомнав на Марко, со тоа што му реков види вака-така… не директно отфрли ја пријавата, но види да ја завршиме побрзо ова-она, но тој знае што значи – вели Јанкуловска.

Претходно, Заев го најави овој разговор како нарачка на Јанкуловска кај јавниот обвинител Марко Зврлевски да ја отфрли кривичната пријава против Ставревски.

– Послушноста на Зврлевски го однела чекор подалеку во хиерархијата на правосудниот систем – рече тој.

Патем, двајцата разговараат во негативен контекст за довчерашниот градоначалник на Кисела Вода Марјан Ѓорчев, кој на последните локални избори не беше номиниран за уште еден градоначалнички мандат.

Поврзани новости