Вториот разговор што го објави лидерот на СДСМ Зоран Заев открива дека шефот на тајната полиција и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков го прекорува вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери зашто екс министерот за правда од неговата ДУИ Блерим Беџети го блокира изборот за претседател на Врховниот суд.
– За нешто да се стопира на таков начин, претходно треба да има разговор. Не е убаво на сам избор да се стопира – вели Мијалков, понатаму додавајќи дека за оваа работа не може да се прават отстапки и не смее да се кочи.
Во однос на тоа, Џафери бара прво да разговара со Али (лидерот на ДУИ Али Ахмети) па потоа да се види со Мијалков на 5 минути.
Инаку, во 2012 година за претседателка на Врховниот суд беше избрана Лидија Неделкова и тоа во втор обид откако првиот пропадна, додека Беџети повеќе не е министер.