Во првата снимка што ја објави лидерот на СДСМ Зоран Заев може да се чуе како министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се консултира со екс министерот за правда Михајло Маневски во врска со пресудата на брат на членка на Судскиот совет.
Имено, двајцата разговараат како средиле тој на апелација да добие позивитивна пресуда, но кога предметот стасал на Врховниот суд, пресудата била негативна.
Маневски и вели на Јанкуловска дека зад тоа стојат Трајко и Јово, при што може да се препознаат претседателот на парламентот Трајко Велјановски и неговиот роднина Јово Вангеловски, инаку поранешен претседател на Врховниот суд.
– Тоа го средија Трајко и Јово. Тој Трајко толку запнал за тоа, а таа ни е џокер, без неа не можеме ни да избереме ни да разрешиме – и вели Маневски на Јанкуловска.
Во меѓувреме, Маневски се прости од министерската позиција и овој ресор му припадна на ДУИ, додека Вангеловски го замени Лидија Неделкова.