Граѓанско движење Разбуди се! остро реагира против одлуката на скопскиот суд со која Омер Буњаку е казнет со една година затвор за еден, како што велат оттаму, за мал и банален инцидент во Старата Скопска Чаршија.
„Судот уште еднаш докажа дека одлуките ги носи врз основа на двојни стандарди кој функсионира според етничката или верска припадност на осомничениот. Инцидентот во Старата скопска чаршија е банален и со минимална штета. Овој случај во ниту една околност не требаше да заврши со повеќе од предупредување. Албанците јавно прашуваат како може Македонците од Ѓорче Петров условно да се ослободат иако предизвикаа голема материјална штета врз приватен имот кој е загарантирана уставна категорија додека пак Албанците да се казнат со 3 години затвор за истото дело?. Бараме Омер Буњаку итно да се ослободи од затвор додека апсурдната одлука на Основниот Суд Скопје 1 да се анулира од страна на Апелациониот Суд“, се вели во соопштението на „Разбуди се!“
Од организацијата го прашуваат Советот на обвинители, до каде е процедурата за поднесеното барање на Разбуди се! за преиспитување на работата на обвинителката во случајот Монструм, Гешковска?