Разбојништво во казино во Скопје

by fokus

Во текот на вчерашниот ден се случило разбојништво во скопско казино, откако две маскирани лица влегле во објектот и одзеле 50.000 денари од касата, а биле ограбени и две лица кои биле во казиното.

„На 28.08.2018 година околу 10,30 часот во Скопје пријавено е дека во казино на улица „Народен фронт“, две маскирани лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената и од касата одзеле околу 50.000 денари, по што со употреба на физичка сила од А.Ф.(24) од Радовиш и М.Н.(29) од Скопје, кои биле посетители во казиното, одзеле вкупно 5.500 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.

Поврзани новости