544
Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена и затоа предлага да се брани на друг начин, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Украина не е членка на НАТО. Ние го разбираме тоа. Слушавме со години дека вратите се отворени, но слушнавме и дека не можеме да се приклучиме. Тоа е вистина и мора да се признае – рече Зеленски.
Ако не можеме да поминеме низ отворената врата, додаде тој, треба да се работи со организации кои, како што рече, ќе и помогнат и ќе ја заштитат Украина.