Рауфи: Нема докази против обвинетите во „Монструм“, нема ниеден збор што ги инкриминира

by fokus

Нема ништо што ги инкриминира обвинетите, ниеден збор, ниедна реченица, а тоа се однесува и на транскриптите, изјави денеска адвокатот на обвинетите во предметот „Монструм“, Насер Рауфи.

По денешното рочиште, на кое исказ даваа вештаци од МВР, Рауфи рече дека при вештачењето на интернет комуникацијата воопшто не е одреден временскиот период кога се водени разговорите.

-Може се работи за материјали од пред неколку години. Убедени сме дека ќе се воспостави дека нема ниту еден збор што ги инкриминира обвинетите. Се работи за секојдневни работи, вообичаена комуникација која нема никаква доказна вредност за предметот – рече адвокатот.

Во текот на постапката, додаде тој, одземени се повеќе лап топ компјутери.

-Одземени се може стотина, што укажувa на тоа дека јавното обвинителство за организиран криминал одело на кванитетет на докази, колку да покаже дека има доказни материјал. Можам со сигурност да тврдам дека никакви докази нема ниту може да има бидејќи обвинетите не го сториле ова кривично дело – изјави тој.

Поврзани новости