570
Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави неговиот син Дарко Младиќ.
Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград кажал дека поранешниот генерал е хоспитализиран поради неговата кревка здравствена состојба.
-Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат – изјави Младиќ.