Кошаркарите на Италија ја елиминираа фаворизираната Србија

by Фокус

Фаворизираната Србија загуби од Италија во осминафиналето на Европското кошаркарско првенство, иако Србите за првпат по подолго време настапија со силен состав каде во тимот, во кој беше и НБА-играчот Никола Јокиќ.

Клучен момент на натпреварот беше одличната реализација за три поени на Италија, која од 38 обиди погоди 16, додека Србија имаше 10 од 29.

Најефикасен во селекцијата на Италија со 22 поени беше Марко Спису, Николо Мели додаде 21, а 19 постигна Симоне Фонтекио.

Италија во четврт-финалето ќе се сретне со Франција, а претходно Финска славеше над Хрватска со 94:86 и за противник ќе ја има Шпанија.

Полска по победата над Украина со 94:86 за место во полуфиналето ќе се бори со Словенија.

Поврзани новости