616
И покрај негативниот економски резултат во третото тримесечје, се гледа тенденција на подобрување. Бруто-инвестициите и јавната потрошувачка, по остриот пад во второто тримесечје, забележуваат раст, што укажува на тоа дека антикризните мерки кои се преземаат даваат резултати, рече министерот за финансии Фатмир Бесими зборувајќи на настанот ТОП 100 во организација на Стопанска комора на Северозападна Македонија.
Падот од 14,9% во второто тримесечје од годинава, кога започна кризата, во третото тримесечје е ублажен на -3,3%, со позитивен придонес на бруто-инвестициите и јавната потрошувачка, за што пак придонесуваат преземените мерки од страна на владата за внесување на ликвидност во стопанството.