Евродипломати не исклучуваат можност за разговори за Северна Македонија на Самитот на ЕУ

by fokus

Не се исклучува можноста лидерите на ЕУ да се обидат да разговараат за Северна Македонија со бугарскиот премиер Бојко Борисов на Самит на Унијата, што ќе се одржи утре и задутре, велат за МИА високи дипломатски извори во Брисел.

По вчерашната блокада на Бугарија за почетокот на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија поради билатерален спор со Скопје, германскиот министер за Европа, Михаил Рот, рече дека неговата држава, која до крајот на оваа година претседава со ЕУ, не се откажува од постигнување консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија.

Утре и задутре шефовите на држави и влади на Унијата ќе се состанат во Брисел за традиционалниот последен самит во годината. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, и покрај епидемијата од Ковид-19, овој состанок ќе биде физички, што овозможува повеќе неформални и билатерални контакти.

– Физичките средби на лидерите се секогаш можност за размена на мислења, така што и размена на оваа тема е можна и остварлива, но не можам да зборувам за сите делегации, изјави за МИА висок дипломатски извор од Советот на ЕУ.

Поврзани новости