Најмалку 42 лица загинаа во Германија, а десетици се водат за исчезнати откако обилните рекордни врнежи предизвикаа излевање на реките и поплавување на домовите.
Новинската агенција „Ројтерс“ пишува дека во регионот Ахрвејлер во покраината Рајнска област-Пфалц, каде реката Ахр, која се влева во Рајна, се излеа и однесе шест домови, се регистрирани 18 жртви и десетици исчезнати.
Петнаесет лица, пак, загинале во регионот на Еускирхен, јужно од градот Бон.
Во покраината Северна Рајна-Вестфалија, регистрирани се девет жртви, меѓу кои и двајца пожарникари.
Поплавени се и патиштата, има превртени автомобили, свлечишта и паднати дрвја.
Стотици војници се вклучија во акциите за спасување и расчистување, а со хеликоптери се спасуваа и лицата кои беа заглавени на покривите.
Ова се најкатастрофалните поплави што ја погодиле Германија.