Расте бројот на заразени во Србија и Хрватска

by Фокус

Коронавирусот во последните 24 часа во Србија е потврден кај 3.600 лица.

Истовремено, како последица од овој вирус починале 56 пациенти.

Во Хрватска, пак, бројот на смртни случаи од последици на Ковид-19 надмина 10.000.

Во последните 24 часа починаа 64 лица, со што вкупниот број на загинати се искачи на 10.050.

Голем раст на новозаразени од ковид 19 има во многу европски држави.

Драматичен раст на заразени во Германија и Русија

Поврзани новости