Министерството за здравство информира во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид 19, што е драстичен скок во однос на претходниот ден, кога бројот на заразени изнесуваше 219.
Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочaани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.
Истовремено, регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 2, Тетово, Гостивар и Валандово – по 1, а пријавено е едно починато лице од Битола на 55 годишна возраст, кое починало во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251, бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.