46
Бројот на загинатите во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул достигна 100, соопшти денеска државната управа за цивилна одбрана.
Спасувачките служби информираа дека 128 лица се водат како исчезнати.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва вчера побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, поради што раселени се околу 150.000 луѓе.