Растe бројот на заболени од коронавирусот во Албанија и Косово

by Fokus

Трендот на зголемување на новозаболени со Ковид-19 ја зафати и Албанија. Во последните 24 часа, од 270 тестови, 48 лица се позитивни. Со ова денешниот ден го става на врвот на листата во однос на бројот на заразени. Релевантните институции сметаaт дека тоа е резултат на намаленото внимание, негрижа и непочитување на правилата за физичко растојание при секојдневните активности.

-Ако било кој ги прекрши правилата, тоа ќе се смета за доведување во опасност на животот и здравјето на другите. Министерството за здравство и Министерството за социјална заштита уште еднаш ги замолуваат граѓаните и фирмите да бидат внимателни затоа што вирусот е се уште меѓу нас“, изјави Флутура Беќо, министер за здравство на Албанија.

И на Косово, каде синоќа Националниот институт за јавно здравје информираше за 58 нови случаи, има загриженост од нов бран на коронавирусот. Ден претходно, премиерот Хоти предупреди дека неисполнувањето на препораките може да доведе до враќање на рестриктивните мерки.

Состојбата е многу сериозна. Ако не сме внимателни, случаите се зголемуваат и ќе се однесуваме како што се однесувавме последните денови, немаме друг избор освен да ги вратиме претходните мерки и тогаш ќе се распадне економскиот и социјалниот систем, рече Авдулах Хоти, премиер на Косово.

Од почетокот на пандемијата во Косово потврдени се 1.384 случаи, од нив 921 се излекувани, а 32 лица починаа. Во Албанија пак, вкупниот број на заразени е 1.464, од кои 1.039 или 70 проценти се веќе оздравени, а 36 граѓани починаа.

Поврзани новости