445
По продолжениот зимски распуст, учениците утре се враќаат во училишните клупи, со што ќе започне второто полугодие од учебната година.
Од МОН велат дека двата дополнителни дена од зимскиот распуст, 18-ти и 20 јануари 2017, учениците ќе ги одработат во сабота, најверојатно во март и во април, за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни дена во учебната година.
Распустот беше продолжен за една недела, за да се избегне опасност од ширење на грипот.