Иако предвидените закони беа донесени и се очекуваше распуштање на Парламентот, СДСМ и ДУИ во последен момент побараа пред распуштањето да се донесе и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-На барање на координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ДУИ да се продолжи 131 седница, овде привремено ја прекинувам седницата за распуштање. Продолжувањето на 131 седница е по однос на барање за донесување на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. Бидеќи 20 пратеници имаат право да бараат продолжување на седница, а во случајот тоа го бараат две пратенички групи со повеќе од 20 пратеници, морам тоа да го направам, рече Џафери.
Во 15:30 часот ќе се одржи седницата за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, па потоа ќе може да се премине на распуштање на Собранието.