547
Распука златната ограда на Мостот на револуцијата кај МАНУ. Фотографија на која може да се види значително оштетување на оградата, беше објавена на социјалните мрежи.
Реконструкцијата на мостот, и новата ограда беа поставени во 2011 година, за што градот Скопје потроши околу половина милион евра. Тогаш Утрински весник објави дека според идејното решение оградата требало да биде во црна боја, но во последен момент било одлучено да биде во златна боја, бидејќи наводно тоа било желба на тогашниот премиер Никола Груевски, за да мостот се вклопи во проектот „Скопје 2014“.