Курц во посета на Македонија

by fokus

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Како што соопшти македонското МНР, во рамки на посетата министерот Курц ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Македонија Никола Попоски.

Според агендата, двајцата министри ќе го посетат и граничниот камен 59 на македонско-грчката граница.

Поврзани новости