Расправата за измените на Законот за азиланти ќе почне во 15 часот

by Фокус 12:35
12:35

Собраниската расправа за измените на Законот за азил по скратена постапка ќе започне во 15 часот.
Според министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, околу 2.000 до 2.500 мигранти дневно влегуваат во земјава, а само во мај нивниот број е зголемен за 300 отсто.

-Станува збор за граничка линија која не може херметички да се затвори. Некои од мигрантите се во многу лоша здравствена состојба, во првите месеци имало 12 пријави до МВР за разбојништа врз мигранти кој биле нападнати и ограбувани. Свесни сме дека Македонија не е таргет за нив. Македонија одвоила 7 милиони денари од буџетот за престој во Прифатниот центар за странци, рече Чавков на почетокот на собраниската седница.

- Advertisements -

Новите измени предвидуваат мигрантите кои ќе ја поминат границата за 72 часа или да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.

Од почетокот на годинава, досега, околу 30 мигранти, главно од Сирија и Авганистан, ги загубија животите во несреќи на македонските пруги.

Медиумите, невладините организации и Народниот правобранител, алармираа за условите во Центарот за странци во Гази Баба, во кој престојуваат околу 500 мигранти, а има капацитет од 100 до 120.

 

Поврзани новости