Денеска напладне продолжува шестиот дел од конститутивната седница на Собранието на која се расправа за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На минатонеделните собраниски расправи наместо договорените теми, пратениците приоритет им дадоа на меѓусебните обвинувања, реплики и контрареплики, а во расправата доминираа излагања поврзани со таканаречената тиранска платформа.
ВМРО – ДПМНЕ преку пратеникот Илија Димовски побара распуштање на Собранието и избор на претседател со единствена цел – распишување нови избори. Пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски, пак уште еднаш повика собраниската расправа да се врати на дневниот ред и да се избере претсдеател на Собранието, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.