Туск и Иванов ќе имаат получасовна средба без присуство на советници и дипломати

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој доаѓа во Скопје две недели по посетата на еврокомесарот Јоханес Хан.

Како што информира претседателскиот кабинет, во 14 часот е планирана тет-а-тет средба на Иванов со Туск, а полвина час подоцна пленарен состанок на двете делегации по што ќе следува и изјава за медиумите.

Во текот на последниве две години ова е трета посета на Туск.

На последната средба во март 2016 година, Туск и Иванов разговараа за постигнување заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. И овојпат повторно ќе разговараат за истите предизвици и улогата на Македонија во справувањето со нив, но и за политичката криза во земјата.

Поврзани новости