Македонија ќе стане членка на НАТО само откако ќе го реши спорот за името со Грција, порача генералниот секретар на воено-политичката алијанса, Андрес фон Расмусен, по денешната средба со македонскиот премиер Никола Груевски, која е дел од неговата посета на регионот во пресрет на есенскиот самит во Кардив.
– Хашката пресуда не е применлива во НАТО, таа се однесува за билатералните односи меѓу Македонија и Грција. Одлуката за тоа е донесена уште на самитот во Букурешт во 2008 година – дециден беше тој, додавајќи оти иднината и стабилноста на земјава е многу важна.
Премиерот Груевски, пак, истакна дека посакува да најде решение на спорот што, според него, јужниот сосед го отворил пред дваесетина година.
– Ние ќе настојуваме да се најде решение, но тоа треба да го направи и другата страна – рече првиот човек на македонската влада.