Расколот меѓу Баша и Бериша се продлабочува

by Фокус

Расколот во редовите на албанската опозициска Демократска партија се продлабочува, посебно по одлуката на приврзаниците на историскиот лидер Сали Бериша за разрешување на актуелниот лидер Љуљзим Баша.

На попладневната седница на Националниот совет на партијата, свикана од Баша, членовите му дадоа безрезервна поддршка, а однесувањето на Бериша го оценија како антиамериканско.

Со овој документ, меѓу другото, се сметаат за неважечки сите одлуки на вчера одржаното Национално собрание на партијата што го свика Бериша.

„Движењето на Бериша за нас е антиамериканско, а за легално го сметаме единствено Националното собрание од 18 декември. За Демократската партија приоритет е борбата против корупцијата и неказнивоста“, се наведува, меѓу другото, во Резолуцијата.

Исто така, се нагласува дека на вчерашниот собир Бериша ги „фалсифкувал и ги употребил симболите и логото на партијата со флагрантно кршење на партиските статутарни, како и законските нормативи”.

Раскол во најголемата опозициска партија во Албанија

Поврзани новости