527
Слободно можам да кажам дека во Генералниот секретаријат има преголема вработеност од страна на претходната влада и за тоа јас барам од тие луѓе професионално да си ја вршат работата и да придонесат за подобрување на состојбите во државата, истакна генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски во интервју за телевизија 24Вести.
– Јас морав да преземам дисциплински мерки против неколку вработени во Владата со оглед на тоа што изнесуваа информации за нашата работа. Многу од нив секојдневно ни покажуваат пораки, во кои се бара од нив од страна на ВМРО-ДПМНЕ да одаваат тајни за работата на новата влада. Од нив само бараме професионално да си ја вршат работата – истакна Рашковски.