На Ердоган и Колинда им се слоши

by fokus

На претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ како и на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска им се слоши додека двајцата присуствувале на религиозни настани во своите земји.

На Ердоган му се слоши за време на утринската молитва во џамијата Мимар Симан во Истанбул.

Тој примил лекарска помош, а дел од медиумите објавија дека привремено изгубил свест. Ердоган изјави дека имал проблеми со притисокот како и со шеќерот.

„Сега се чувствувам добро и ќе продолжам со нашата програма“, изјавил Ердоган.

На претседателката на Хрватска пак, Колинда Грабар Китаровиќ и се слошило денеска исто така за време на религиозен настан – мисата во Загрепската катедрала по повод Денот на државноста.

Таа морала да излезе од настанот и потоа не се вратила назад. Портпаролите информирале дека таа е добро, но подолго време имала болки во вратот заради што посетувала физикална терапија.

Поврзани новости