513
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, пред неколку години бил изразен скептик за членството на земјава во ЕУ и НАТО. Барем така зборува во обраќање кое деновиве се појави на видео снимка. Но денеска бега од поранешните гледишта, и вели дека единствениот пат за Македонија е тој кон членство во НАТО.
Всушност Рашковски во изјава за ТВ21 вели дека не го има сменето ставот, бидејќи, како што уверува – никогаш не бил против Алијансата.
Објаснува дека при тогашниот говор се влечеле ливчиња и се бранела темата која ќе ја извлечеш. Вели дека ниту тогаш, ниту сега не е против НАТО, туку смета дека тоа е единствена опција за Македонија.