Советникот на Рама смета дека најдобро решение е обединување на Косово со Албанија

by fokus

Познатиот албански аналитичар по потекло од Косово, Батон Хаџиу, кој е актуелен советник на премиерот Еди Рама, смета дека решение за Косово би било обединување со Албанија.

На средба со студенти и професори од Европскиот универзитет во Тирана, Хаџиу зборуваше за историската ситуација во која Косово е денес и за можниот договор со Србија.

– Се додека Србија отворено се изјаснува за нејзино обединување со Република Српска во Босна и Херцеговина, Косово нема зошто да ги крие ваквите амбиции. Ова е моментот, кога веќе е отворена дискусијата за коренција на границите, изјави Хаџиу, наведува албанскиот портал „Албеу“.

Порталот истакнува дека Хаџиу во Косово важи за храбра личност која артикулира и покренува жешки прашања, за кои многумина немаат храброст за тоа.

Поврзани новости