Рашковски: Нека се најде член на моето семејство вработен во администрација

by fokus

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, вели дека се тенденциозни и невистините написите во медиумите каде е обвинет за непотизам. Во интервју за порталот „Академик“, тој негира дека вработувал членови на неговото семејство.

-Таквите написи ги оценувам како тенденциозни и невистинити. Затоа и велам, нека се најде кој било член на моето семејство, прв братучед, чичко, вујко, тетка, тетин… вработен во администрацијата, па ќе се види за вистинитоста на тие шпекулации. Прво треба да се знае значењето на зборот непотизам, па потоа да се говори за тоа. Непотизам е кога некој се вработува на некоја позиција исклучиво поради роднински врски со работодавачот. Впрочем за сите обвинувања веќе има судски процеси – вели Рашковски.

Тој се најде на мета на јавноста откако се дозна дека мајката на неговата сопруга е поставена за претседател на Комисијата во Централен регистар која одлучува по жалби.

Рашковски беше обвинуван и затоа што беше поставен за владин претставник во Собранието на акционери на „Македонски Телеком“, одлука на која самиот се потпишал.

 

 

 

 

Поврзани новости