299
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со австриска делегација предводена од Клаус Велфер, шеф на Секторот за Западен Балкан и проширување на ЕУ при австриското Министерство за Европа.
-Ако претседателството на Бугарија со Советот за ЕУ за нас претставуваше еден вид отскочна даска за враќање на земјава на европскиот колосек, наша интенција е за време на претседателствувањето на Австрија да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Унијата – изјави Османи.
Инаку, Австрија ќе го презеде претседавањето со ЕУ во јуни, откако ќе заврши шестмесечниот период на бугарското претседавање.