Случајно, или намерно, фирмата „Атриум“ од Вевчани, во сопственост на братот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, склучила договор за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за 10 евра од квадрат, пред одржувањето на Супер Купот во Скопје, соопшти денеска генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на прес-конференција пред новинарите.
Според него, ова се информации кои ги добил тој како генерален секретар на Владата. Рашковски дека има многу недостатоци и пропуштени рокови во реконструирањето на Градскиот стадион во пресрет на одржувањето на Суперкупот.
Рашковски посочи дека Владата мора да ги заврши бараните реконструкции на Арнеата до 21 јули, бидејќи два дена подоцона, на 23 јули ќе има финална контрола од УЕФА дали Супер Купот ќе се одржи во Скопје.
Генералниот секретар на Владата посочи дека УЕФА на ФФМ му пратил допис со одредени забелешки кој од ФФМ до Владата патувал седум дена. „Што правел ФФМ 7 дена?“, праша Рашковски, потенцирајќи дека писмото од Фдерацијата до Владата патувало една недела. Тој рече дека засега нема технички услови за одржување на Суперкупот на Градскиот стадион.