Рангелова: ВМРО-ДПМНЕ нема шанси да состави влада, Мицкоски треба сам да се повлече

by fokus

Поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова во гостување на ТВ 24 рече дека нејзината партија нема шанси да формира влада, а Мицкоски треба достоинствено да се повлече.

-Од мојата политичка анализа ВМРО-ДПМНЕ нема шанси да состави влада. Не гледам како би се споила со некоја албанска партија, не ја гледам нишката на спојување. Или со Левица, која вели дека не би влегла во Влада без поништување на Преспанскиот договор. Јас би била среќна ако мојата партија формира влада, но треба да гледаме реално.
Математички прецизно, како што би кажал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не се поклопуваат математиките.
А, на овие избори најмногу изгубија македонските партии, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Како што рече Мицкоски, ако изгуби на избори, а изгуби, и не направи влада, тогаш треба најдостоинствено сам да се повлече. Никој не треба да му бара оставка. Груевски се повлече по загубени локални избори. Мицкоски губи неколку пати.
Јас после ова гостување, ќе бидам масакрирана на социјалните мрежи, но не секој тоа може да го издржи, рече Рангелова.

Поврзани новости