914
Настаните од 27 април 2017 година не треба да се повторат, не само во Македонија, туку во која било земја, порача поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на 4-годишнината од упадот во Собранието. За разлика од нејзините сопартијци, таа го осудува насилство, но не се согласува со тоа обвинетите да се гонат за тероризам.
-Јас нема да кажам дека не се случи насилство за разлика од колегите и ќе го осудам. Мислам дека луѓето треба да одговараат за насилство, а не за тероризам. Точно е дека се случи насилство и е грозно кога го гледате тоа на телевизија – изјави Рангелова на Канал 5.