419
Даниела Рангелова во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека СДСМ трчала при носењето на реформските закони, а ВМРО-ДПМНЕ ги подобрувало.
-Влеговме во преговарчки процес за да ги подобриме законите. СДСМ трча во шеста брзина и при трчање може да се направат грешки. Голем дел од нашите предлози беа прифатени и тоа покажува дека СДСМ знае да подзастане во тоа трчање и да ги прифати добрите предлози, рече Рангелова.
Таа рече дека ќе биде реална и го поздрави Извештајот од Европската комисија.