543
Пратеничката Даниела Рангелова да денешната собраниска седница рече дека принципиелно би било обвинети и осомничени пратеници да не расправаат за законот ја обвинителство.
-Жал ми е што гледам како колеги од ВМРО-ДПМНЕ, од пратеничката група или независни, учествуваат во едно самоуништување на партијата. Сакам ова да престане веднаш, имаме за што да зборуваме, личните работи да си ги оставиме за дома. Сметам дека е принципиелно сите, дали се обвинети, дали се во некоја истражна или предистражна постапка, да не влегуваат во расправа зашто граѓаните ќе кажат дека го зборуваат тоа пристрасно, смета Рангелова.