Ахмети: Не гледам светло на крајот од тунелот

by fokus

Централното претседателство на ДУИ денеска одржа кратка средба во Мала Речица по што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека не гледа светло на крајот од тунелот, пренесе „А1 он“.

-Максимално се трудиме да ја решиме кризата, но не зависи само од нас, туку од сите партии. Некои од партиите ги блокираат државните институции. Во моментов не гледам светло на крајот од тунелот, но се надевам дека сите партии ќе дадат свој придонес да излеземе од кризата – рече Ахмети.

Во одговор на прашање за моменталниот однос на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кон останатите партии, тој кажа дека заканувања и уцени нема да ја решат кризата. Ахмети нагласи дека острата реторика не и е потребна на Македонија, туку и е потребен разумен компромис.

Поврзани новости