ДИК: До денеска се пријавиле 257 спорни гласачи

by fokus

Заклучно со денес до 13:00 часот вкупно 257 граѓани од вкупно 39 502 извршиле увид во списокот на кој пред два дена Државната изборна комисија го стави на јавен увид, а преку кој граѓаните треба да се пријават за да го докажат своето право на глас.

„Од нив, 31 лице се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 226 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, велат од ДИК.

Во текот на вчерашниот ден  можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани, и тоа лично, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, а во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија вкупно се пријавиле 5 граѓани, додека можноста за електронско пријавување ја искористиле 117 граѓани.

Спорните записи во Избирачкиот список за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните се појавија откако беа извршени вкрстени и теренски проверки. Можноста за пријавување во ДИК ќе трае до 19 август 2016 година.

Поврзани новости