На денешното рочиште за случајот насилство во Општина Центар, еден од сведоците на СЈО рече дека обвинетата Даниела Рангелова, актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, а тогаш советничка во Центар, ја контролирала толпата кој кршеше, демолираше и им се закануваше на советниците во јули 2013 година.
Сведокот Вангелов, советник на СДСМ, во Општината, рече дека толпата фрлала со зеленчук и овојшје, јајца и шишиња кон советниците од тогашното мнозинство предводено од СДСМ. Нивното насилство, рече тој, било координирано преку мобилен телефон од тогашната советничка Рангелова, која е сега обвинета во предметот.
Вангелов рече дека и покрај континуираното насилие на топлата, полицијата не презела ништо туку немо ги следела случувањата.
Тврдењата на сведокот во судница ги негираше пратеничката Рангелова.
Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.
На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.
Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.