Ранети две лица при пукање на свадба во Мала Речица

by fokus

Во тетовска Мала Речица ноќеска две млади лица се повредени на свадба поради пукање од огнено оружје.

Според првичните информации еден од повредените е потешко ранет и однесен на клиниките во Скопје, додека вториот е вон животна опасност и задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.

За случајот е известена и полицијата. Извршен и увид на местото каде била свадбата каде се користело огнено оружје.

Поврзани новости