Министерот за безбедност на БиХ: Грабар Китаровиќ зборува глупости

by fokus

Министерот за безбедност во БиХ, Драган Мектиќ оцени дека изјаата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дека БиХ е нестабилна држава, е само една во низата „несериозни, неодговорни и небулозни“ изјави.

– Зависно од тоа каде оди, таа дава додворувачки изјави без какви било аргументи и образложенија. Се однесува како главен разузнавач во регионот и зборува за нешто што воопшто не е нејзина работа… Наместо да држи високо државничко ниво таа зборува глупости, изјави Мектиќ за босански медиуми.

Хрватскиот и бошњачкиот член во Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ во врска со изјавата на Грабар Китаровиќ, оценија дека „таа е нестабилна“ и нејзините зборови се израз на ксенофобична политика на Загреб кон БиХ и Бошњаците „која ги има сите елементи на фашизам“.

Поврзани новости