„Бадентер“ е правило што е дел од Рамковниот договор. Рамковниот договор е дел од Уставот. Рамковниот договор е целосно исполнет и тоа е завршена и затворена тема, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали како премиер и како Влада размислуваат за ревизија на „бадентер“ со оглед на изјава на министерот за правда Игор Филков која ја пренесуваат дел од медиумите дека можеби е дојдено време да се ревидира гласањето по бадебнтер бидејќи на таков начин се дава можност да се кочат одредени политички процеси.
Тоа што претставуваше суштински и институционален проблем, а тоа е балансерот, рече Мицкоски, ние презедовме мерки да го надминеме.
-Знаете, ние понудивме закон за првична застапеност кој покрај етничката, ќе има компонента која ќе оценува според квалитет и компетенции. Тој е во Венецијанската комисија. Се чека мислење така што очекувам кога ќе го добиеме тоа мислење тој закон да го донесеме, рече премиерот.